На граѓаните им беше потенцирано да се воздржат од давање пари на лицата кои питачат, а секој забележан случај на питачење, особено од страна на деца на улица, да го пријават во надлежните институции. Целта на превентивната активност е да се надмине проблемот со лица на улица, нивна заштита и целосно вклучување во општеството.

Како што информираат од МВР, одделението за превенција при СВР Скопје пак, реализира едукативен час за сообраќајна култура со децата од Меѓународното училиште „Нова“, со акцент на однесувањето на децата како учесници во сообраќајот во улога на пешаци и велосипедисти. Полициските службеници од ПС БПС и Отсекот за превенција при СВР Битола на Техничкиот факултет во Битола учествуваа на тркалезна маса посветена на користењето на електричните тротинети. Во Виница и Штип пак, полициски службеници од СВР Штип реализираа сообраќајна превентивна активност со цел подигање на степенот на сообраќајна култура, а посебен акцент беше ставен на потребата за свесност кај возачите, да не управуваат возила под дејство на алкохол, со оглед на тоа дека алкохолот сериозно ги намалува возачките вештини, ги нарушува психомоторните способности и претставува сериозна закана по нивната и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот.
Исто така, денеска полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор – Охридско Езеро, реализираа едукативна активност со учениците од ООУ „Мирка Гинова“ од село Лабуништа. Децата беа запознаени со начинот на работа на полицијата, службената опрема и активностите кои секојдневно се преземаат во насока на заштита на граѓаните и одржување на безбедноста на државната граница и Охридското Езеро.






