вторник, 12 мај 2026

Македонија У16 загуби по пенали од Црна Гора на турнирот во Србија

Македонската репрезентација до 16 години загуби на пенали од Црна Гора на воведниот натпревар од турнирот „Миљан Миљаниќ“ во Србија.

Објавено на

часот

Сподели

Двете селекции одиграа 2-2 во регуларниот дел, а противникот се радуваше на победа по изведувањето пенали (2-4).

Нашата надежна репрезентација уште во првата минута имаше одлична шанса за отворање на резултатот. Велески не успеа да реализира ситуација „еден на еден“ со противничкиот голман. Во 15. минута повторно не искористивме стопроцентна можност за водство. Крстевски одлично го проигра Велески, но голманот на Црна Гора повторно беше поуспешен.

Во 19. минута Никола Вукоје донесе предност за Црна Гора, но само четири минути подоцна, Марин Крстевски по соло-акција израмни на 1-1. Во 51. минута Лука Вушуровиќ повторно ја доведе Црна Гора во водство, а Крстевски и Полимац пропуштија одлична можност за израмнување во 79. минута. Сепак, Михајло Павлов од пенал во 87. минута погоди за конечни 2-2.

Во пенал-серијата поуспешни беа фудбалерите на Црна Гора, кои славеа со 4-2.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ