Иницијатор на овој настан поддржан од Европската Унија е Локалниот младински Совет на Општина Кочани. На овој начин се прави обид за активно вклучување на заедницата за локални промени и разубавување на простори во Кочани.

„Идејата за мурал на скалите е да се истакнат обележја на урбаната уметност, Муралите се дел од урбаната уметност бидејќи се реализираат во урбани подрачја кои некогаш знаат самите да се ‘задушат’ од градби и непромислени постапки. Муралот е вистинскиот елемент за тие градби да го добијат она што им треба за да бидат многу поблиску до граѓаните. Веќе има голем интерес за соработка со младите кои ги помогаат и се запознаваат со самиот процес на работа и размислувањето како се слика мурал“, смета уметникот и креативец, Михајлов-Пучо.

И граѓаните може да се вклучат и да придонесат во заедничко уметничко разубавување на Кочани.
МИА






