Средбата од 35. коло на шпанската Ла Лига донесе големи три бода за тимот на Македонецот во борбата за опстанок во елитата. Токму Димитриевски беше еден од главните адути на Валенсија, бидејќи собра неколку интервенции.
Клубот се пофали со партијата на македонскиот голман. Валенсија сподели фотографија и напиша дека Столе е спектакуларен, а исто така објави и една од неговите интервенции.






