недела, 10 мај 2026

МВР приведе возачи, шест возеле без дозвола, од нив тројца биле малолетници

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 10 возачи за безобѕирно управување возило, од кои шест возеле без дозвола (тројца малолетници), а по двајца со активна забрана и под дејство на алкохол.

Објавено на

часот

Сподели

Двајца возачи во Скопје (еден малолетник), и по еден во Тетово (малолетник), Гостивар, Велес (малолетник) и Делчево управувале возило без возачка дозвола.

Возачот во Делчево учествувал и во сообраќајна незода со возилото кое го управувал, по што било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,89 промили алкохол во крвта. По еден возач во Скопје и Кичево управувале возило со активна забрана, а по еден возач во Скопје и Велес управувале возило под дејство на алкохол. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ