Брегалница и Шкендија Арачиново одиграа меч со два гола и многу тензија, имаше прекин од повеќе од 10 минути во текот на вториот дел.
Шкендија имаше водство со гол на Шаркоски во првото полувреме, а Брегалница изедначи од пенал кој крена многу реакции во гостинскиот табор.
Поради пеналот имаше голем прекин, кој беше надополнет со големо судиско продолжение.
Скопје со 1-0 славеше кај Тетекс. Тие имаат ист број на бодови со Брегалница, но полош меѓусебен дуел од штипјани.
Брегалница во следното коло има жешко гостување кај Осогово во Кочани, а за крај игра со Победа. Доколку слави во овие два меча, ќе стане прволигаш.
Резултати – 28. коло – Втора лига
Брегалница – Шкендија Арачиново 1-1
Каменица Саса – Слога Виница 1-0
Кожуф – Победа 8-0
Охрид – Големо Коњари 3-0
Преспа – Детонит 0-3
Тетекс – Скопје 0-1
Вардар Неготино – Осогово 0-4
Табела: Брегалница 65, Скопје 65, Шкендија Арачиново 63, Охрид 62, Осогово 53, Беласица 52, Детонит Плачковица 49…






