недела, 10 мај 2026

Иран одговори на американскиот предлог за прекин на војната

Иран денес им испрати на пакистанските посредници одговор на најновиот американски предлог за прекин на војната, објави иранската државна новинска агенција ИРНА.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Одговорот на Исламската Република Иран на најновиот американски предлог за прекин на војната денес беше испратен до пакистанскиот посредник“, соопшти агенцијата.

„Во оваа фаза, преговорите ќе се фокусираат, како што е планирано, на прекин на војната во регионот“, соопшти агенцијата, без да даде дополнителни детали за содржината на одговорот на Иран.

Тензиите во регионот ескалираа откако САД и Израел започнаа напади врз Иран на 28 февруари, што предизвика ирански одговор против Израел и американските сојузници во Персискиот Залив, како и затворање на Ормускиот теснец.

Прекинот на огнот стапи на сила на 8 април со посредништво на Пакистан, но разговорите во Исламабад не доведоа до траен договор.

Прекинот на огнот подоцна беше продолжен на неодредено време од страна на американскиот претседател Доналд Трамп за да се отвори простор за дипломатија и трајно решение на конфликтот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ