понеделник, 11 мај 2026

Баланс МК во Скопје отвора Центар за поддршка на лица со дијабетес

Центар за поддршка на лица со дијабетес ќе биде отворен денеска во Скопје за којшто Баланс МК – Асоцијација за детски дијабетес на Македонија доби просторија преку јавен повик на Град Скопје.

Објавено на

часот

Сподели

„Проектната апликација на БАЛАНС МК – Асоцијација за детски дијабетес на Македонија е меѓу највисоко оценетите и одобрена од Градот, при што е обезбеден и соодветен простор за негова реализација“, информираа од Баланс МК во најавата за отворање на канцеларијата на Центарот.

Целта на проектот е воспоставување континуиран, локално достапен сервис за поддршка, советување, организирање едукативни работилници како и психо-социјална поддршка на лица со дијабетес и нивните семејства на територија на Град Скопје и пошироко, со акцент на подобрување на самоконтролата, превенција на компликации и унапредување на квалитетот на живот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ