Каталонскиот тим уште во првото полувреме ја заврши работата и го скрши отпорот на најголемиот ривал. Резултатот беше отворен уште во деветтата минута кога Маркус Рашфорд мајсторски погоди од слободен удар и донесе ерупција од воодушевување на трибините.
Само девет минути подоцна Барселона стигна и до втор погодок. Дани Олмо испрати одлична асистенција, а Феран Торес рутински ја затресе мрежата за водство од 2-0.
Во продолжението Реал Мадрид се обиде да се врати во натпреварот и преку Џуд Белингам стигна до погодок, но истиот беше поништен поради офсајд. До крајот „кралевите“ не успеаја посериозно да се заканат и оставија блед впечаток во дербито.
Со новите три бода Барселона стигна до 91 и математички ја обезбеди титулата на три кола пред крајот на сезоната, оставајќи го Реал Мадрид на второто место со 77.






