„Кога страна која директно учествувала во војна, опсада, санкции и се заканувала со сирова сила го отфрла одговорот на Иран едноставно затоа што тој не претставува писмо за предавање, станува јасно дека главното прашање не е мирот, туку наметнувањето на политичка волја преку закани и притисок“, објави Гарибабади на социјалната мрежа Икс.
Тој додаде дека Иран јасно ги искажал своите барања, кои вклучуваат траен прекин на војната, надомест на штетата и укинување на „нелегалните санкции“.
„Не можеме да зборуваме за прекин на огнот додека трае опсадата, за дипломатија додека се зајакнуваат санкциите или за регионална стабилност додека се обезбедува политичка и воена поддршка на режимот кој е извор на агресија и нестабилност“, кажа Гарибабади.
„Таквиот пристап не се преговори, туку продолжување на политиката на принуда завиткана во дипломатска реторика“, заклучи тој.






