вторник, 12 мај 2026

Синер израмни рекорд на Ѓоковиќ

Најдобриот светски тенисер Јаник Синер денеска го израмни рекордот на Новак Ѓоковиќ со тоа што ја оствари 31. победа по ред на Мастерс турнирите.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

На турнирот во Рим, италијанскиот ас без проблеми го совлада својот сонародник Пелегрино со 2-0 и во следниот дуел, против Рубљев или Басилашвили ќе има можност да постави нов рекорд на овие турнири. Последниот пораз на Мастерс турнир, Синер го доживеа во октомври, во второто коло во Шангај кога поради здравствени проблеми мораше да му предаде на Талон Грикспор, во третиот сет. Рекордот на Ѓоковиќ беше поставен во август 2011 година.

Оттогаш, првиот светски рекет доживеа само два пораза, во полуфиналето од Австрлија Опен од Новак Ѓоковиќ и во четвртфиналето во Доха, од Јакуб Меншик.

Синер има уште еден мотив за триумф во Рим – ако ја освои титулата, ќе стане најмладиот кој успеал да слави на сите Мастерс турнири на АТП турот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ