вторник, 12 мај 2026

Димитриевски: СДСМ денес го предводи бугарофилско раководство

Претседателот на Движење ЗНАМ за Наша Македонија, Максим Димитриевски, во гостување во Дневникот на Сител ТВ изјави дека Македонија треба да го продолжи европскиот пат, но без откажување од сопствениот идентитет, историја и национално достоинство.

Објавено на

часот

Сподели

Димитриевски оцени дека инсистирањето на уставни измени од страна на раководството на СДСМ претставува продолжување на, како што рече, „бугарофилска агенда“ започната во периодот на претходната власт.

Тој ги посочи изјавите и политиките на поранешниот премиер Зоран Заев, поранешниот претседател Стево Пендаровски, како и потпишувањето на т.н. француски предлог во времето на Димитар Ковачевски, оценувајќи дека македонската дипломатија тогаш капитулирала пред бугарските барања.

„Социјалдемократскиот сојуз, некогашната државотворна партија, денеска во континуитет осум години наназад е предводен од крајно бугарофилско раководство кое работи за туѓи, а не за македонски интереси“, изјави Димитриевски.

Тој порача дека Движење ЗНАМ за Наша Македонија останува на ставот дека земјава може да биде дел од Европска Унија само како достоинствена држава на македонскиот народ и на сите граѓани, со зачуван историски и национален континуитет.

Димитриевски додаде и дека Декларацијата на ЗНАМ со црвени линии за националните прашања останува отворена за сите политички субјекти, со цел обединување околу државните интереси.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ