Информацијата ја потврди неговата агенција, но засега не се открива причината за смртта.
Кларк важеше за еден од најважните играчи на Мемфис во последните сезони и беше стандарден дел од ротацијата заедно со Џа Морант. Целата НБА кариера ја мина во дресот на Гризлис, откако беше избран како 21 пик на драфтот во 2019 година.
Последниот период го мачеа сериозни повреди. Оваа сезона настапи на само два натпревари пред да го повреди коленото, а подоцна имаше и проблем со листот поради кој не се врати на терените до крајот на сезоната.
Во април годинава Кларк беше уапсен поради поседување недозволени супстанци и сообраќајни прекршоци, но подоцна беше пуштен со кауција.






