петок, 18 јули 2025

Експлозија во хемиска фабрика во Индија, најмалку 35 лица загинаа (ВИДЕО)

Бројот на потврдени смртни случаи по експлозија во хемиска фабрика во јужна Индија се искачи на најмалку 35, соопштија денеска властите.

Фото: Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Триесет и едно тело беше извлечено од урнатините, додека три лица починаа во болница од повредите, изјави началникот на полицијата на округот Сангареди во државата Телангана.

Голем број работници беа повредени и во експлозија, што се случи во индустриска зона во близина на градот Хајдерабад.

Според Дамодар Раџанарсимха, министерот за здравство на Телангана, повеќе од 90 луѓе се наоѓале во фабриката во моментот на експлозијата. Индиските медиуми објавија дека првичната експлозија предизвикала секундарна експлозија, голем пожар и уривање на трикатна зграда.

Напорите за пребарување и спасување продолжуваат, додека екипите за итни случаи ги пребаруваат урнатините за евентуални преживеани или дополнителни жртви.

Точната причина за експлозијата сè уште се истражува. Локалниот весник Декан кроникл пренесува дека е можно да експлодирал хемиски реактор.

Инцидентот се случил во фабрика управувана од компанијата Сигачи, која произведува фармацевтски и хемиски производи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ