вторник, 5 мај 2026

Експлозија во фабрика за огномет во Кина, загинаа најмалку 26 лица

Властите денес на прес-конференција соопштија дека се повредени 61 лице, пренесува Синхуа.

Фото: социјални мрежи

Објавено на

часот

Сподели

Најмалку 26 лица загинаа во експлозија во кинеската провинција Хунан.

Официјалните лица денес на прес-конференција соопштија и дека 61 лице се повредени, пренесува Синхуа.

Градоначалникот на Чангша, Чен Божанг, изрази сочувство до семејствата на жртвите и упати извинување до погодените жители и општеството во целина.

Експлозијата се случила во фабрика на компанијата „Хуашенг“ за производство и подготовка на огномет.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ