петок, 17 април 2026

Црногорската влада предлага промена на уставот, сака да им го укине имунитетот на министрите

Потпретседателот на владата на Црна Гора за политички систем, правда и борба против корупцијата Момо Копривица денес објави дека владата го одобрила предлогот за промена на Уставот, со кој се одзема имунитетот на членовите на владата за кривични дела против службената должност, и го упатила во собраниска процедура.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Јавната функција не смее да биде штит од законот. Оној што ја води земјата мора да биде на првата линија на одговорноста“, порача Копривица во објава на социјалните мрежи.

Според него, предложеното решение претставува силна системска мерка за спречување на корупцијата и потврда за подготвеноста на владата да ги примени највисоките меѓународни стандарди.

„Ова е силно системско решение за спречување на корупцијата и порака за нашата подготвеност да се придржуваме до најстрогите антикорупциски стандарди“, истакна Копривица, додавајќи дека ова исполнува и важна препорака на ГРЕКО, антикорупциската агенција на Советот на Европа.

Владата на Црна Гора објави дека оваа одлука ја разјаснува уставната норма, така што премиерот и членовите на Владата не уживаат имунитет за кривични дела против службената должност, односно за кривични дела поврзани со корупција, без оглед на висината на предвидената казна.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ