понеделник, 27 април 2026

За првпат во историјата најголем број Американци не веруваат во ништо посебно

Објавено на

часот

Сподели

Според неодамнешно истражување на аналитичката и консултантска компанија Галуп, за првпат во историјата најголем број Американци не припаѓаат на никаква црква.

„Официјално живееме во паганска нација“, кажа уредник на едно католичко списание.

Експертите за истражување на јавното мислење го припишуваат падот на членството во црквите со порастот на оние кои не се поврзуваат со религиозни институции, што сега претставува третина од населението. Но нивната подгрупа, односно оние кои (не)веруваат во „ништо посебно“ е таа која го прекројува американскиот верски пејзаж.

Иако таквите луѓе обично се категоризираат како атеисти и агностици, тие се двојно побројни од нив, односно секој четврти Американец не верува во „ништо посебно“ и таквото сфаќање на сопствената религиозност расте побрзо од која било верска група, пишува Економист.

Како што кажува и самиот назив, карактеристика на таа група е одбивноста кон дефинирањето.

За разлика од атеистите и агностиците, кои повеќето ги сочинуваат млади мажи, во „ништо посебно“ главно спаѓаат оние средовечните и имаат ист број мажи и жени. Повеќето од нив веруваат во Бог, а третина повремено одат во црква. Сепак, отфрлаат припадност кон кој било верска група и се скептични кон институционалните авторитети.

Аналитичарот и политиколог Рајан Бурџ вели дека припадниците на групата „ништо посебно“ во просек се најниско образовани од која било поголема верска група; само секој петти има факултетска диплома или виша квалификација. Речиси 60 отсто заработуваат помалку од 50.000 долари годишно. Што се однесува до политиката, тие не влечат ни лево ни десно. Ретко соработуваат во политички активности, како протести или донирање пари за кампањи.

„Апатија е зборот кој ми паѓа на ум“, кажа Бурџ.

Додека бројот на христијани во Америка се намалува, групата „ништо посебно“ расте со фасцинантна брзина. Од 2008, кога почнале да ги следат експертите, нивните редови се зголемиле за 60 отсто.

Бурџ смета дека за тоа има две причини. Прво, како се менува американскиот верски состав, станува поприфатливо да не се идентификува како христијанин. Од друга страна, можеби „ништо посебно“ помалку се однесува на оние кои ја напуштаат организираната религија, а повеќе на оние кои откриле дека всушност никогаш не ни биле нејзин дел.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ