четврток, 30 април 2026

Тука Украина е најранлива, а Русите можат да нападнат во секој момент

Објавено на

часот

Сподели

Главната руска домашна разузнавачка агенција, ФСБ, извести дека неговиот брод Донбас немал дозвола да плови кон Керченскиот мореуз, пловниот пат меѓу Русија и анектираниот Крим. ФСБ рече дека Донбас ги игнорирал упатствата за корекција на маршрутата, а пропагандистите на Кремљ брзо го опишаа тоа како „провокација“.

Маргарита Симонјан, главен уредник на телевизискиот канал Раша тудеј, финансиран од руската влада, беше меѓу првите што почнаа да креваат врева на Твитер.

„Почна ли? Мајко моја, немој да ме изневериш“, напиша таа.

Сè заврши кога Донбас сврте, на помалку од четири километри од Керченскиот теснец. Но инцидентот, иако на крај безопасен, уште еднаш укажа на стратегиската слабост на украинската армија во воената зона.

Местото каде што може да почне војна

Плиткото Азовско Море, помало од американското езеро Мичиген, омеѓено со Русија и Украина, е едно од местата каде што секојдневно се очекува директен судир, пишува Вашингтон пост.

„Има многу руски бродови, кои се околу четири пати повеќебројни од украинските. А бидејќи во морето нема поморска граница, руската флота може да се приближи до украинскиот брег колку што сака, поради што градовите во југоисточна Украина се најзагрозени во земјата“, вели Андриј Клименко, главен уредник на Блек си њуз од во Киев.

Американските разузнавачи предупредија дека Кремљ би можел да планира повеќекратен воен напад врз Украина веќе во почетокот на следната година. И покрај целото меѓународно внимание посветено на концентрацијата на руските војници на копнените граници на Украина, доколку инвазијата почне од морето, украинските сили ќе бидат немоќни.

Тие легално не можат да направат ништо сѐ додека првиот руски војник не стапне на копно.

70 отсто од Азов блокирани за транспорт

Во меѓувреме, украинската флота е ограничена во своето движење на Азов, со редовната практика на Русија да ги ограничува зоните без најава поради, како што тврди, артилериска обука. Украинската морнарица овој месец објави дека речиси 70 отсто од Азов се блокирани за транспорт поради предупредувањето за навигација од Москва.

„Во однос на безбедноста, во Азовско Море доминира Русија. И во случај на војна, тие тоа ќе го искористат во голема мера за да извршат притисок врз нашите јужни градови на брегот на Азов. Во сегашните околности, се разбира, Русија ја диктира ситуацијата во Азов и во суштина ја користи како воено упориште“, изјави министерот за надворешни работи Дмитро Кулеба за Вашингтон пост.

Грихоревски, сопственикот на чамецот од почетокот на текстот, вели дека Донбас бил вкотвен на 8 декември и дека тогаш добил предупредување од руската навигација дека зоната во која се наоѓа се затвора. Така, немал друга опција освен да тргне во правец на Керченскиот теснец. Околу 13:30 ч. на 9 декември бил известен дека за поминување по воден пат му е потребна дозвола, која се издава на период од 48 часа. Грихоревски тогаш рекол дека неговиот брод не планира да плови низ Керченскиот теснец и дека е невооружен.

Русија тогаш побарала да се достават детални планови за пловидба на бродот, што Грихоревски го одбил. До вечерта, Донбас го следеле три руски брода. Тогаш Грихоревски ги предупредил Русите да се повлечат додека Донбас го менува правецот.

Грихоревски рече дека руски јуришен авион прелетал над Донбас и дека еден од руските бродови што го следеле се заканил дека ќе отвори оган доколку не го промени правецот.

Следниот ден, портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, за државната телевизија изјави дека Донбас е „нова провокација на море“ како дел од серијата „провокативни акции што се случуваат околу границите на Русија“.

Како одговор, украинските власти ги обвинија руските бродови дека со години ја малтретираат нивната флота во Азов. Поморските граничари што патролираат по морето во камуфлажни глисери ги документирале руските дејствија што тие ги сметаат за „провокации“ за да ги претстават како доказ во поднесоците до меѓународниот суд.

Иако овие наводни акции на Русија не се нови, нови се други, можеби уште позагрижувачки. Украинските воени аналитичари велат дека Русија почнала да издава навигациски предупредувања за затворање на секторите во близина на брегот. Сметаат дека не е јасно дали се работи само за психолошки притисок или подготовка за евентуално воено истоварување на брегот.

Постои аргумент дека брегот на Азов е од поголема стратегиска и економска вредност за Русија од уништените од војна источни погранични региони на Украина. Украинските пристаништа Мариупол и блискиот Бердјанск на западниот брег извезуваат производи од регионот, а пристаништето Таганрог е центар за трговија низ југозападна Русија.

Нагазни мини долж брегот

Ефектите од тензиите во морето може да се почувствуваат и на брегот. На дваесетина километри источно од Мариупол се наоѓа малото село Бердјанске, кое некогаш беше пријатно место за одмор и центар на рибарите. Сега, бидејќи е блиску до територијата контролирана од руските воени сили, украинските автомобили мора да поминат најмалку три воени контролни пункта за да стигнат таму.

Запрен е протокот на туристички пари. Како и риболовот. Пред неколку години, украинската армија постави нагазни мини долж брегот. Иако мештаните велат дека зимските температури предизвикале експлозија на сите мини, знаците и понатаму ги предупредуваат луѓето да не влегуваат во водата.

Во селото веќе нема риболовни бази. Во дворот на Фјодор Пахомов до брегот, од јажето за простирање алишта висат заплеткани снопови рибарски мрежи. Порано таму беа вкотвени пет рибарски чамци. Неговиот главен извор на приход закржлавел, пишува Вашингтон пост.

Пахомов вели дека е загрижен поради претстојната војна со Русија. Но најмногу од сè, тој би сакал да му се врати на риболовот.

[video:https://www.youtube.com/watch?v=7KxBdIqiiRc autoplay:0]
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ