недела, 26 април 2026

Српски професор: Курти си пукаше во нога

Објавено на

часот

Сподели

Професорот на Институтот за Европски студии во Белград ова го изјави во врска со полемиката на Тирана и Приштина околу ставот на Берлин по ова прашање.

„Тоа е апсолутно западна идеја, идеја на западните сили, на САД и ЕУ, а во Унијата Германија има клучна улога“, кажа Зечевиќ за Косово онлајн.

Тој објасни дека иницијалната идеја била, бидејќи во овој момент нема прием на земјите од Западниот Балкан во ЕУ, нивниот економски развој да се забрза со меѓусебно отворање на пазарите и да се зајакне економската размена за преку својот балкански пазар да се обидат да го зголемат стандардот на населението и да се приближат на стандардот на ЕУ.

Зечевиќ смета дека оваа инцијатива е чекор кон членството на земјите од Западниот Балкан во ЕУ во иднина и обид да се премости тој период.

Околу спорот на албанскиот премиер Еди Рама, кој е еден од потписниците на Отворен Балкан, и премиерот на Косово Аљбин Курти, кој одбива да се приклучи на иницијативата, Зечевиќ вели дека Курти е обземен од својот национализам.

„Што се однесува до Рама и Курти, Курти е обеземен со својот национализам и не гледа за што станува збор. Во политичка смисла, тоа е целосно деструктивен чекор на Курти и со тоа самиот себеси си пукаше во нога“, истакнува српскиот професор.

На изјавата на политичкиот советник на Курти Јетон Зуљфај со која го негираше тврдењето на Рама дека германската влада ја поддржува иницијативата Отворен Балкан и тврдењето дека Германија го подржува Заедничкиот регионален пазар во рамки на Берлинскиот процес, Зечевиќ вели дека Берлинскиот процес и Отворен Балкан се комплементарни и дека се надополнуваат.

Тој вели дека Берлинскиот процес и Отворен Балкан не се непотребно дуплирање, како што тврди советникот на Курти.

„Не е тоа непотребно дуплирање. Берлинскиот процес има други намени, а тоа е вбризгување средства од ЕУ во Западниот Балкан за да се забрза економијата. Берлинскиот процес и Отворен Балкан се надополнуваат. Германците сакаа да го забрзаат Западниот Балкан со поголеми финансиски инјекции, а Отворен Балкан е мобилизирање на внатрешните ресурси, зајакнување на економската размена и зголемување на стандардот. Едното и другото не се исклучуваат“, смета Зечевиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ