недела, 26 април 2026

Од каде им на талибанците пари за војување

Објавено на

часот

Сподели

Разузнавачките служби наведуваат дека не е можно да се утврди колку точно пари талибанците имаат, но дека проценките се дека годишно добиваат или собираат меѓу 300 милиони и 1,6 милијарди американски долари.

Според извештајот на Обединетите нации, поголемиот дел од парите талибанците ги добиваат од производството и продажбата на опиум, изнудувања и киднапирања. Разузнавачките служби проценуваат дека само од продажбата на дрога талибанците заработуваат 460 милиони долари. Пари доаѓаат и од природните ресурси во областите кои талибанците ги држат под контрола, па минатата година од рударство собрале 464 милиони долари.

Талибанските лидери добиваат пари и од донатори, невладини организации и богаташи, наведуваат ОН.

Американските власти тврдат дека талибанците со години добиваат пари, оружје и обука од Русија, без да дадат каков било доказ за тоа, а одделни аналитичари сметаат дека пари доаѓаат и од Пакистан и од Саудиска Арабија.

Без оглед ан количеството собрани пари, прашање е дали талибанците би имале доволно за под контрола да го држат целиот Авганистан.

Според податоците на Светската банка од 2018, авганистанската влада потрошила 11 милијарди долари, од кои 80 отсто од парите стигнале како странска помош.

Специјалниот претставник на САД за Авганистан Залмај Кализад кажа дека Америка и понатаму има одредена предност над талибанците поради парите кои доаѓаат како странска помош.

Меѓутоа, аналитичарот Бил Роџо од невладината Фондација за одбрана на демократијата се сомнева во тоа и вели дека талибанците не се засегнати од странската помош, туку дека основната цел им е да владеат. И други експерти предупредуваат дека, ако талибанците го преземат целиот Авганистан, нема да имаат проблеми со пари.

„Како и другите екстремистички групи, и тие ќе добијат пристап до централната банка, владините сметки и приходите од даноците“, вели Метју Левит од американскиот Институт за Блискиот Исток и додава дека во тој случај „би го преживеале губењето на странската помош“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ