четврток, 30 април 2026

Итриот план на последниот европски диктатор го разгневи Брисел (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Клеман Бон, францускиот државен секретар за европски прашања, кажа дека белорускиот режим „мудро го организира“ шверцот преку Турција и Дубаи, додека некои мигранти се превезени од Ирак. Не понуди конкретни докази, но наведе дека семејството на Лукашенко тој шверц го организира со „трети земји преку комерцијални летови и тури“.

Како мигрантите стигнуваат на границите на ЕУ. Би-би-си следеле една група која се обидувала да стигне до Германија, патувајќи, меѓу другото, преку Белорусија.

Станува збор за група сириски Курди кои патувале од градот Кобане, местото на жестоките борби меѓу курдските борци и ИСИС. Тие го пропуштиле својот прв состанок со шверцерот и останале брз храна и вода. Им било студено, но не се осмелувале да запалат оган.

Од Белорусија преминале во Полска, па конечно стигнале до територијата на ЕУ. Меѓутоа, сè уште не се безбедни. Илјадници други кои Белорусија наводно ги охрабрила да преминат на териториите на Полска, Литванија и Летонија, завршиле во притвор.

Идрис, еден од мигрантите, истакнува дека не би се обидел да ја напушти Сирија доколку белорускиот претседател Александар Лукашенко не понудил нов, оигледно побезбеден пат, пишува Би-би-си.

„Белорускиот претседател одлучи да ги отвори своите граници со ЕУ“, кажал тој.

Лукашенко е лут на ЕУ поради санкциите кои му се наметнати по изборите и протестите во 2020 година и присилното пренасочување на авионот на Рајанер за да го уапси активистот Роман Проташевич.

[video:https://youtu.be/uassRA0qF-s autoplay:0]

Наместо опасното патување преку Медитеранот, мигрантите сега треба само да одлетаат до Белорусија, да се возат неколку часа до границата и едноставно да преминат пешки во една од трите соседни држави од ЕУ – Полска, Литванија и Летонија.

Во јули и август Литванија примила 50 пати повеќе барања за азил отколку во 2020 година.

„Патот е многу полесен отколку низ Турција и Северна Африка“, кажал Идрис.

Во август Ираки ервејз попушти пред притисокот на ЕУ и ги откажа директните летови од Багдад за Минск. Но мигрантите и понатаму пристигнуваат во белоруската престолнина со летови од Истанбул, Дубаи и Дамаск. Идрис и неговите пријатели имале резервации во хотел, но други ја немале таа среќа па спиеле на отворено.

Патот од сириски Ирбил до Белорусија го чинел 5.000 долари, вклучувајќи авионски билети, хотелски резервации и туристички визи.

Меѓутоа, за многу мигранти соништата за подобар живот биле прекинати кога биле фатени при преминувањето на границата. Завршиле во центри за притвор, додека Литванија размислува што да прави со нив.

Приливот на мигранти во Литванија сега е сопрен, делумно поради засилената безбедност на границите благодарение на Фронтекс. Меѓутоа, и понатаму има послабо чувани делови.

Иако десетици мигранти сè уште се обидуваат да преминат во Литванија, повеќето од нив сега одат во Полска.

Тешко е да се знае колку луѓе стигнале до саканата дестинација откако Лукашенко ги отвори вратите на својата земја.

Белорусија повеќе пати демантираше дека ги користи мигрантите како „оружје’ против Европската Унија. Најмалку 10.000 мигранти сега се во затвор на Балтикот, во Полска и Германија. За многумина ова патување било мачно искушение – губење време, пари, а во некои случаи и животи.

Земјите во кои пристигнуваат мигрантите воведоа построги контроли, но се чини дека Лукашенко нема лесно да се откаже од својот итар план.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ