Претходно беше објавена информација дека Русија и Србија во тајност формирале заедничка работна група за борба против обоените револуции, чија задача е да ги задуши масовните демонстрации на граѓаните. Покрај тоа, заедничко тело на српската и руската власт би требало да врши надзор над опозициските лидери, независните медиуми и организациите на граѓанскиот сектор.
Сомнежите дека постои заедничка координација на власта во Русија и Србија околу сузбивањето на масовните демонстрации и да разменуваат искуства на оваа тема, дополнително се подгреани по средбата која Вулин ја имал со Патрушев пред последниот протест во саботата.
Дека „обоените револуции“ се тема на нивните разговори, можеше да се прочита во официјалното соопштение на српското министерство за внатрешни работи по неодамнешната посета на Вулин на Москва.
Во него, меѓу другото, пишуваше дека на нивниот состанок било „истакнато дека „обоените револуции“ станале веќе традиционален инструмент на политиката на одредени центри на моќ и земјите чија цел е нарушување на државноста и губењето на суверенитетот под изговор на демократијата“.
Констатирано е и дека „слободните земји мора да се спротивстават на тоа“.
Според некои информации, спомнатата работна група за борба против обоените револуции постоела и кон средината на минатата година, кога српската Управа за спречување на перење пари направи список на познати новинари, невладини организации и здруженија на граѓани и од банките побара увид во сите нивни трансакции од 1 јануари 2019 година.
На состанокот кој Вулин и Патрушен го одржаа на крајот на мај, српскиот министер на полицијата, како што дознава српска Нова, му предал на функционерот на Москва снимки од состаноците на руските опозиционери во Белград, направени од БИА, на кои се и снимки од разговори на опозиционерот Андреј Пивоваров и Владимир Кара-Мурза.
Набрзо по средбата објавено е дека Пивоваров е уапсен така што е изваден од авион во Санкт Петербург и сега му се заканува казна до шест години затвор поради „учество во работа на непожелна организација“.
Информацијата за апсењето на Пивоваров ја објави токму Кара-Мурза тврдејќи дека претседателот на Русија Владимир Путин и неговиот белоруски колега Александар Лукашенко се „буквално близнаци“.
Кара-Мурза се огласи околу информациите дека српскиот министер Вулин му ги доставил на Патрушев снимките на неговите разговори со Пивоваров, кажувајќи дека е трогателна спремноста на српската власт „да застане на задните нозе пред големиот брат од Кремљ“.
One more political prisoner in Russia today. Andrei Pivovarov, former leader of Open Russia, removed by FSB from the plane that was about to take off from St. Petersburg to Warsaw. Now held incommunicado at the Investigative Committee.
Putin and Lukashenko are literally twins. pic.twitter.com/DmI9uZCF3d
— Vladimir Kara-Murza (@vkaramurza) May 31, 2021
Неодамна српскиот министер повторно ја посети Москва. Вулин и Патрушев по средбата најавија создавање заедничка „работна група за борба против обоените револуции“, чии задачи ќе бидат спречување демонстрации и постојано следење на опозициските активисти, невладини организации и независни новинари.
По овој повод се огласи и Михаил Ходорковски, критичар на Кремљ и поранешен нафтен тајкун.
„Српската тајна полиција, како што се покажа, ги снима разговорите на руските активисти и ги предава на ФСБ (Федералната служба за безбедност). Историјата не учи, но Хаг чека“, напиша тој на Твитер.
Сербская охранка, оказывается, записывает разговоры российских активистов и сливает их ФСБ
История не учит, а Гаага ждет..
— Ходорковский Михаил (@mich261213) December 7, 2021






