Овој контраст дава увид во тоа колку транспортот на кинеските југозападни висорамнини се сменил од целосното пуштање на автопатот за сообраќај пред 50 години.
Завршен на 6 јули 1976, автопатот Јунан-Сизанг е долг повеќе од 700 километри од Дали во провинцијата Јунан до Маркам во југозападниот кинески автономен регион Сизанг, каде се поврзува во автопатот Сичуан-Сизанг. Како еден од четирите главни кинески автопати до Сизанг, долго време бил клучен коридор за патување, трговија и размена преку планините Хендуанг. Во изминатите пет децении, патот еволуирал заедно со регионите што ги поврзува, спојувајќи не само места, туку и луѓе, производи и можности.
Од карванска патека до современ пат
Долго поред автопатите да ги преминат планините на југозападна Кина, патувањето и трговијата зависеле од мрежата на Древниот пат на чајот.
Со векови карвани со мазгу носеле чај, сол и други производи преку патиштата што ги поврзувале Јунан, Сичуан и Сизанг. Преку платото, гранки од Древниот пат на чајот се ширеле кон денешни Непал и Индија, создавајќи дел од пошироката мрежа на комерцијална и културна размена низ Азија.
Трговските патишта овозможувале и културни, верски и интелектуални размени меѓу заедниците кои живееле на платото и во планинските региони. Голем број населби на патот просперирале како трговски пунктови, поврзувајќи ги пазарите во Јунан со заедниците на платото.
Доаѓањето на модерните патишта ги трансформирало тие врски. Патувањата за кои некогаш биле потребни недели преку планинските премини можеле да завршат за неколку дена. Со подобрувањето на транспортната инфраструктура, движењето на стоки и луѓе станало пофреквентно, помагајќи во интегрирањето на зафрлените заедници во пошироките економски и социјални мрежи.
Денес може да се најдат траги од Древниот пат на чајот во градови долж рутата, но автопатот стана главна артерија која го поврзува регионот со надворешниот свет.
Коридор за луѓе и производи
Влијанието на автопатот Јунан-Сизанг е можеби највидливо во секојдневниот проток на стоки.
Долж рутата пазарите добиваат земјоделски производи, потрошувачки стоки и градежни материјали транспортирани од соседните провинции. Подобрените патни услови и логистички мрежи го олеснуваат движењето на стоките меѓу Кинан и Сизанг, поддржувајќи ја комерцијалната размена и намалувајќи ги транспортните трошоци.
Патот помогнал и во стигнувањето на локалните специјалитети на пооддалечените пазари. Производи од платото и околните планински региони, вклучувајќи печурки, земјоделски производи и традиционални ракотворби сè повеќе се продаваат далеку од местото на потекло. Во исто време стоки од други делови на Кина стигнуваат многу полесно во заедниците долж рутата.
Туризмот стана уште еден важен придвижувач на активноста. Секоја година патници од цела Кина и странство го следат автопатот до дестинации како Шангри Ла, снежната планина Меили и селото Јубенг. Официјалните бројки покажуваат дека автономната тибетска префектура Дигинг, каде водат повеќето рути на страната на Јунан, примиле 36,36 милиони туристички посети во 2025, просечно годишно покачување од 16,4 отсто, со 472.600 пристигнати патници или зголемување од 56,7 отсто од претходната година. Само на снежната планина Меили бројот на посетители двојно се зголемил на околу 600.000 во 2025, додека посетите од странство во зимската сезона се зголемиле за 116,35 отсто во однос на претходната година.
Поранешните транзитни точки сега развиваат туристички ориентирани бизниси од хотели и ресторани до културно-уметнички програми. Рутата стана не само транспортен коридор туку и дел од туристичкото доживување. За многу посетители патувањето дава можност да се доживеат пејзажите и културата формирана со вековната размена на Древниот пат на чајот. За локалните заедници растечките бројки на посетители создале нови можности во гостопримството, транспортот и сличните услуги.
Нови патувања на стариот автопат
Иако автопатот е изграден пред половина век, неговата улога продолжува да еволуира. Една од највидливите промени во последните години е појавата на нови облици на мобилност и логистика долж рутата. Во јануари 2026 официјално беше пуштена во употреба мрежа за целосно менување батерии долж коридорот Јунан-Сизанг. Долга повеќе од 2.700 километри од Кунминг до областа на базниот камп на Монт Еверест, мрежата вклучува 19 станици за замена на батерии – отприлика една на 142 километри – што го прави патувањето со електрични возила на долги растојанија попрактично во областите на голема надморска височина. Електричните патнички автомобили, доставни комбиња и товарни камиони стануваат сè почеста глетка долж рутата на која некогаш доминираа камиони и автобуси со дизел мотори.
Оваа промена ги рефлектира пошироките измени на транспортниот пејзаж на Кина. На делови од автопатот кои некогаш претставувале големи логистички предизвици, модерните услужни објекти сега го поддржуваат туризмот, товарниот транспорт и патувањето на долги растојанија. Околу 90 отсто од струјата на новата мрежа за полнење и замена доаѓа од чисти енергетски извори како хидроенертија и сончева енергија, со што историската рута станува дел од глобалните трендови за патување со ниски карбонски емисии. Рутата која некогаш поврзувала зафрлени планински заедници сè повеќе се интегрира во пошироката мрежа за транспорт и логистика.
Расте и корисноста на автопатот. Покрај тоа што служи како транспортна рута, сега го поддржува туризмот, логистиката за е-трговија, регионалните синџири за снабдување станаа дел од пошироката мрежа на поврзани пазари, индустрии и заедници.
Повеќе од пат
Пред 50 години со завршувањето на на автопатот Јунан-Сизанг се воспостави модерна врска за транспорт преку еден од географски најсложените кинески региони. Денес неговото важност далеку го надминува транспортот.
50 години по завршувањето автопатот Јунан-Сизанг продолжува да ги поврзува планинските заедници со пазарите, патниците со дестинациите и историскиот трговски коридор со динамиката на современата економија. Долж рутата на која некогаш патувале карвани кои се движеле меѓу Кина, Хималајскиот регион и Јужна Азија, облиците на патувањето се изменети, но идејата за поврзување останува прилично иста.





