понеделник, 18 мај 2026

Супергол од слободен на Цветковиќ го врати Вардар на победите во ПМФЛ (ВИДЕО)

Вардар се врати на победнички пат во трката за титулата откако во скопското дерби го совлада Работнички со 1-0 во натпреварот од 27. коло на ПМФЛ.

Објавено на

часот

Сподели

Натпреварот понуди малку шанси, но „црвено-црните“ имаа поголема контрола и иницијатива. Клучниот момент се случи во 22. минута кога Стефан Цветковиќ со одличен удар од слободен удар ја затресе мрежата на Ондоа.

До крајот на средбата мрежите мируваа и немаше резултатски промени.

Со овој триумф Вардар стигна до 65 бода и задржа предност од четири бода пред Шкендија, која допрва треба да го одигра својот натпревар против Шкупи.

Во вториот денешен меч, Силекс со 1-0 го совлада Башкими. Победничкиот гол го постигна Дарко Додев од пенал во 69. минута, по ситуација по која гостите останаа и со играч помалку.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ