четврток, 17 јули 2025

Сабаленка мина уште една пречка на Вимблдон, елиминација за четвртата носителка

Арина Сабаленка без поголеми проблеми со 2-0 во сетови ја победи Мари Бузкова и се пласираше во следното коло на Вимблдон, на турнирот веќе нема да игра четвртата носителка, Јасмине Паолини која со 2-1 беше поразена од Русинката Камила Рахимова.

Објавено на

часот

Сподели

Сабаленка не загуби сет против Бузкова, но чешкатаа тенисерка покажа борбеност. Првиот сет се играше во тајбрејк кој го доби Белорусинката со 7-4. Во вториот сет беше подобра со 6-4.

Сабаленка во следното коло ќе има интересен дуел со Британката Ема Радукану која со 2-0 беше подобра од Вондрусова.

Паолини која ја имаше улогата на четврта носителка на Вимблдон, рано се сопна иако добро го започна мечот против Рахимова.

Италијанката го доби првиот сет со 6-4, но наредните два ги загуби со идентични 6-4 и 6-4 и го заврши настапот на големиот турнир.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ