понеделник, 27 април 2026

Вардар го помина Загреб и стана единствениот кој играл на сите СЕХА Ф4 турнири досега

Објавено на

часот

Сподели

Дуелот меѓу Вардар и Загреб беше и борба меѓу двете екипи кои досега секогаш играле на фајнл-фор турнирите од СЕХА лигата, од денеска со тоа ќе може да се пофали само македонскиот тим.
 
Голема борба се водеше во Загреб, и двата тима имаа свои периоди, домаќините во неколку наврати водеа и со три разлика, но Вардар секогаш се враќаше.
 
Во 53. минута Вардар имаше водство од 21-20 и се очекуваше мирен крај на мечот, но тогаш Загреб направи серија од 5-0 и дојде до предност од четири разлика 25-21, но во последните секунди нашиот тим успеа да даде гол и да стави крај на неизвесноста.
 
Дибиров со пет голови беше најефикасен кај Вардар, четири постигна Тото, по трипати реализираа Талекси и Стоилов. Одличен на голот беше Томовски со 12 одбрани. Кај Загреб, Лиемар, Обрановиќ и Мандиќ постигнаа по четири гола, Чупиќ даде три.
 
Фајнл-фор турнирот се игра овој викенд во Задар, Вардар ќе игра против Мешов Брест, а во другото полуфинале се среќаваат Веспрем и Мотор Запорожје.
 
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ