Македонската ракометна репрезентација се подготвува за Европското првенство кое ќе го игра во Дебрецин.
Додека траат подготовките паралелно се прават и ковид тестирања.
Информациите од репрезентацијата велат дека на денешното тестирање нема позитивни случаи на ковид-19.
Пред заминувањето за Дебрецин предвидено за 11. јануари, ракометарите ќе имаат уште два теста.






