Македонската радио телевизија успеа да се договори со Арена која ги има правата за овој регион за ЕП, па ќе ги гледаме натпреварите од големиот ракометен турнир и на македонски.
„Во групната фаза ќе има преноси од натпреварите во термините од 18 и 20:30 часот, а потоа и од 15:30, 18 и 20:30 часот во главната рунда. Ќе има и специјални студиски емисии со еминентни гости и стручни анализи пред натпреварите на Македонија и пред полуфиналето и финалето“, информира уредникот Драган Николовски.
Европското првенство се игра од 13. до 30. јануари. Македонија е во групата A која се игра во Дебрецин, Унгарија заедно со селекциите на Словенија, Данска и Црна Гора. Првите две репрезентации од групата, се пласираат во главната фаза.
Распоред на натпреварите на Македонија на ЕП:
13. јануари 18:00 Македонија – Словенија
15. јануари 18:00 Македонија – Црна Гора
17. јануари 20:30 Македонија – Данска






