петок, 22 мај 2026

Лазаров: По двата меча со Кувајт, имам јасна слика

Објавено на

часот

Сподели

Македонија одигра два меча со Кувајт, во првиот го декласиравме противникот, а во вториот победивме со само еден гол разлика. Кире Лазаров вели дека е задоволен со досегашниот дел од подготовките и има јасна севкупна слика.
 
„Мислам дека резултатот од првиот натпревар не беше реален. Кувајт е добро истренирана екипа, предводена од еден стратег како Борис Дениќ, кој веќе работи таму еден подолг период. Ние трениравме максимално напорно вчера, а дури и денеска наутро. За нашите млади играчи овој натпревар беше едно големо искуство. Задоволен сум од победата, но и да беше поинаку немаше да очајуваме. Имам јасна севкупна слика. Се соочуваме со проблеми со повредени играчи и се надевам дека ќе се опорават побрзо. Утре сабајле и попладне продолжуваме со напорната работа“, вели селекторот Кире Лазаров.
 
„Важно е играчите да бидат фокусирани до самиот крај и покажаа карактер, тоа е позитивна работа. Победникот не се знаеше до последната секунда. Видовме како регираат некои играчи во неизвесни завршници. Имаме време да исправиме доста работи по новогодишните празници“.
 
„Морам да искажам голема благодарност до Филип Миркуловски, Жарко Пешевски и Филип Кузмановски, кои ни се приклучија веднаш по завршувањето на нивните клупски обврски. По некое непишано правило заслужуваат одмор барем до 2.јануари и тоа само покажува колку се подготвени да се жртвуваат за македонскиот дрес“.
 
„На крај морам да кажам дека сум задоволен од тоа како момците ги одработија подготовките во Маврово“.
 
Македонската репрезентации по овие два дуели се враќа во Скопје, каде од 2. јануари ќе ги продолжи подготовките во салата „Борис Трајковски“. Следните две контролни среби се против Израел на 3 и 4 јануари.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ