петок, 22 мај 2026

Лазаров: Израел нè изненади иако го анализиравме

Објавено на

часот

Сподели

Македонија дури во последните 20 минути почна да игра добро, тогаш направи пресврт и на крајот стигна до победа.
 
Селекторот Лазаров вели дека Израел го изненадил и покрај сите анализи кои биле направени пред мечот.
 
„Натпреварот ме изненади, иако го анализиравме противникот и гледавме многу видео материјал. Меѓутоа не е исто на видео и во живо, тие играат квалитетен ракомет и покажаа дека играат добро. Тие имаат одличен систем и имаат осум-девет бекови кои можат да влезат во игра. Ние имавме проблеми, но мислам дека добро ни дојде победата. Сметам дека имаме доволно време да ги поправиме грешките, а имаме уште седум-осум дена да тренираме комплетни и да ги поправиме недостатоците кои се покажаа на мечот“, изјави селекторот Кире Лазаров.
 
Пешевски поради температура не играл, но Лазаров очекува пикерот утре да се приклучи на тимот. Селекторот ќе смета на сите ракометари поради можни зарази од ковид-19.
 
„Имавме повеќе проблеми на подготовките. Имавме 10 од 12 играчи кои имаа вирус, но го поминавме тоа. Пешевски се приклучи на тимот по Нова година и доби температура, меѓутоа мислам дека утре ќе има тренинг. Не сакавме да ризикуваме со него и тој е еден од ракометарите кои се соочија со вирусот“.
 
„Митев заработи бизарна повреда и најверојатно нема да оди на Европското првенство. На собир треба да има 23 од 24 ракометари поради целата ситуација со ковид-19 и останатите вируси. Им кажав и на тие кои не тренираат со нас по Маврово дека би можеле да ни бидат потребни и да се приклучат на репрезентацијата“.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ