Дождот донесе возбудлива трка во Силверстоун, на крајот Ландо Норис се радуваше на прва победа пред домашната публика.
Клучниот момент се случи при вториот ре-старт на трката, кога Оскар Пјастри забрза па нагло закочи, за што доби казна од 10 секунди, а Макс Ферстапен се изврти и си ја уништи трката.
По ваквиот расплет на настаните, Ландо Норис само требаше да остане присебен и да извози како што умее, за да си го оствари сонот за триумф на ГН на Велика Британија.
И покрај тоа што Мекларен се радуваше на еден-два победа, херој на денот е Нико Хулкенберг.
Германецот стартуваше како претпоследен, но одлично се снајде и финишираше како трет, па по 239 извозени трки, конечно го прекина долгиот пост и за прв пат во својата кариера се искачи на подиумот.
Во бодови уште завршија Луис Хамилтон, Макс Ферстапен, Ленс Строл, Пјер Гасли, Фернандо Алонсо, Алекс Албон и Џорџ Расел.
ФОТО: X/Formula 1