Во подкаст на „Марка“ тој беше прашан на оваа тема, но не сакаше да даде конкретен одговор, па филозофски се извади.
„Јас сум само уште еден кој ја подржува репрезентацијата и играчите. Сега кога зборуваме за репрезентацијата во момент кога се менува селекторот, искрено ми е непријатно“, вели Пауновиќ.
„Разбирам зошто се прави тоа, но ми е непријатно. Имам многу голема почит кон оваа работа и ме боли секогаш кога ние тренерите сами себе не знаеме да се почитуваме“.
„Не сакам ништо да коментирам освен да дадам целосна поддршка за репрезентацијата, федерацијата и играчите и се надевам дека ќе се пласираат на Светското првенство“.






