понеделник, 23 јуни 2025

Мекларен недопирлив и по новите правила: Пјастри до пол-позиција, Норис веднаш зад него

Мекларен покажа дека и понатаму го има најбрзиот болид, попладнево на ГН на Шпанија, Оскар Пјастри стигна до пол-позиција, а друштво во првиот ред ќе му прави тимскиот колега Ландо Норис.

Објавено на

часот

Сподели

Во пресрет на трката во Барселона, ФИА реши да ги ограничи „флексибилните“ предни крила и многумина се надеваа дека предноста на Мекларен ќе биде намалена.

Но тимот од Вокинг продолжи да диктира темпо на ГН на Шпанија и битката за пол-позицијата се водеше помеѓу тимските колеги Ландо Норис и Оскар Пјастри.

Во првиот брз круг, Ландо Норис беше побрз за само 0.017 илјадитинки откако умешно искористи „заветрина“ од Оскар Пјастри, но во второто излагање на патеката, возачот од Авсралија склопи страшен круг и со време од 1:11.546 стигна до пол-позиција, додека пак Британецот мораше само да се задоволи со старт од втората позиција.

Зад нив ќе бидат Макс Ферстапен и Џорд Расел, додека пак третиот ред е резервиран за Луис Хамилтон и Кими Антонели.

Шарл Леклер се коцкаше со само еден извозен круг па ќе стартува како седми, а потоа следуваат Гасли, Хаџар и Алонсо.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ