Ерменија поведе, даде гол во 38. минута, а ние речиси и да не покажавме ништо во првите 45 минути. На одморот заминавме со негатива.
Во вториот дел заигравме подобро и по десетина минути Трајков погоди со глава за израмнување на 1-1.
Клучниот момент се случи во 83. минута кога Трајков сакајќи да пронајде свој играч во офанивата, шутна, а топката заврши во голот на голманот Давитјан кој направи катастрофална проценка. Македонија победи со 2-1.
За Македонија ова беше прва победа по поразите во првите две кола од Полска и Италија.






