среда, 22 април 2026

Милвоки го исфрли Бруклин во драматична мајсторка (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Дрим-тимот на Бруклин изгледаше импресивно на повеќето од натпреварите оваа сезона, но синоќа беше запрен од Милвоки кој ја доби серијата со 4-3.
 
Првпат во последниве 15 години се случи да се играат продолженија во седми натпревар од плејоф-серија, а за тоа беше заслужен Кевин Дурент. Најголемата ѕвезда на Нетс направи потег кој можеше да значи и директно финале за неговиот тим, меѓутоа сантиметри пресудија дека драмата треба да продолжи. Во финишот на четвртиот период Миловки водеше со 109-107, пропуштајќи напад да го реши мечот и оставајќи му на домаќинот околу пет секунди за да се спаси.
 
Дурент ја зеде топката и стигна да бие од далечина и да погоди. Проблемот беше што на повторената снимка судиите утврдија дека гази на линијата за три поени, па кошот не му донесе победа на Бруклин, туку продолжение. 
 
Во продолженијата и двете екипи одиграа катастрофално лошо, Бруклин постигна само два поени, па шестте поени на Милвоки беа сосема доволни за победа од 115-111.
 
Најдобар на теренот беше Дурент со 48 поени и девет скокови, Харден постигна 22 поени со девет скокови и девет асистенции. Но овој учинок за двете ѕвезди беше и последен оваа сезона.
 
Во победничкиот тим Адетокумбо постгна 40 поени, имаше и 13 скокови, дабл-дабл учинок забележа и Мидлтон со 23 поени и 10 скокови.
 
Милвоки во финалето на истокот го чека победникот од дуелот меѓу Филаделфија и Атланта кои вечерва играа мајсторка.
 
[video:https://www.youtube.com/watch?v=RY8H8WL–h0 autoplay:0]
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ