Најзаслужен за овој триумф беше Леброн Џејмс, чиј настап беше неизвесен поради настинка на која наводно тој се жалел пред мечот. Кралот Џејмс мечот го заврши со 31 поени и по осум скока и асистенции што заедно со учинот од 15 поени на Крис Бош беше доволно за победата против „езерџиите“.
Коби Брајант постигна 24 поени додека Пау Гасол со 26 поени беше најефикасен кај гостите од Лос Анџелес.
На останатите дуели Далас маверикс славеше на гостувањето кај Јута џез (94-91), додека Хјустон рокитс по едно продолжение триумфираше над Њу Орлеанс хорнетс (90-88).
РЕЗУЛТАТИ: Хјустон – Њу Орлеанс 90-88 (пр), Мајами – Лејкерс 98-87, Јута – Далас 91-94