Атланта направи изненадување откако ја помина Филаделфија со 4-3. Синоќешната мајсторка беше изедначена, во текот на целиот меч екипите се менуваа во водство, а финишот им припадна на Хоукс за триумф од 103-96.
Хортер со 27 поени беше најефикасен кај Атланта, Јанг постгна 21, имаше и 10 асистенции. Кај Филаделфија, Ембид постигна 31 поен, имаше 11 скокови, дабл-дабл учинок забележа и Харис кој реализираше 24 поен и 14 скокови.
[video:https://www.youtube.com/watch?v=-U_bik49gY8 autoplay:0]
Во првиот финален натпревар на западот, Феникс со 120-114 го победи Лос Анџелес Клиперс и поведе со 1-0 во серијата.
Мечот беше изедначен до последната четвртина во која Феникс одигра подобро, дојде до победата и ја искористи предноста на домашен терен.
Букер беше брилијантен, направи трипл-дабл со 40 поени, 13 скокови и 11 асистенции. Кај Клиперс, Пол Џорџ беше најдобар со 34 поени.
[video:https://www.youtube.com/watch?v=A5soCCFjKmg autoplay:0]
Резултати:
Феникс – ЛА Клиперс 120:114 (1-0)
Филаделфија – Атланта 96:103 (3-4)






