Таа во финалето ја победи грчката тенисерка Марта Матула од Грција со 2-1 во сетови. Мечот се играше два часа и пет минути.
Грчката тенисерка подобро го почна мечот и го доби првиот сет со 6-2, но потоа на сцена стапи Лина која во следните два беше подобра со 6-0 и 6-4 за победа од 2-1 во сетови.
За Ѓорческа ова беше 14. титула во кариерата, по овој успех таа би требало да има и добар скок на ВТА листата.
Ова за неа беше прв освоен турнир по септември 2023 кога исто така победи во Куршумлијска Бања.