среда, 16 јули 2025

Ѓоковиќ со лесна победа тргна на Вимблдон

Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ со 3-1 (6-1, 6-7, 6-2, 6-2) во сетови го победи Александре Милер од Франција во првото коло на Вимблдон.

Објавено на

часот

Сподели

Ѓоковиќ беше убедлив во мечот, проблематичен му беше само вториот сет кој го загуби по тајбрејк во кој имаше и сет топки.

Србинот фуриозно го почна мечот, првиот сет го доби со 6-1, во тие моменти црно му се пишуваше на Французинот, но потоа успеа да загуби достојно.

Во вториот сет никој не загуби на свој сервис, иако при 5-4 Ѓоковиќ пропушти четири сет топки. Имаше две сет топки и во тајбрејкот, но сепак го доби Милер со 9-7.

По загубениот сет Ѓоковиќ се консолидираше и ги доби следните два сета со идентични 6-2 и 6-2 за стартна победа на Вимблдон.

Во следното коло Новак ќе игра против Еванс кој во британската пресметка со 3-0 го победи Кларк.

Фото: EPA Photo

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ