понеделник, 23 јуни 2025

Ѓоковиќ лесно го совлада Нори за испишување нова историја и влез во одбрано друштво

Новак Ѓоковиќ се пласираше во четвртфинале на Ролан Гарос откако попладнево лесно за нешто повеќе од 2 часа го победи Камерон Нори со 3-0 во сетови (6-2, 6-3 и 6-2).

Објавено на

часот

Сподели

Новак Ѓоковиќ продолжува да игра на високо ниво во Париз, повторно славеше без загубен сет, денеска жртва му беше Камерон Нори.

Пред десетина дена, двајцата се сретнаа на АТП Мастерот во Женева, тогаш популарниот Ноле малку се помачи, но попладнево лесно, за нешто повеќе од 2 часа го доби мечот со 3-0 во сетови (6-2, 6-3 и 6-2).

Со овој триумф, Новак Ѓоковиќ испиша историја и стана само третиот тенисер во историјата кој стигнал до 100 победи на еден Гренд слем.

Србинот им се придружи на ривалите Рафаел Надал и Роџер Федерер во одбраното друштво.

Рафаел Надал има 112 победи на Роланд Гарос, додека пак Роџер Федерер има 105 победи на Вимблдон. Швајцарецот исто така има 102 победи на Австралија Опен.

ФОТО: X/Roland-Garros

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ