Жиру од Челси направи трансфер во Милан, росонерите ќе платат милион евра, плус уште еден милион во бонуси.
„Милан со задоволство може да соопшти дека потпиша перманентен договор со Оливие Џонатан Жиру од Челси. Францускиот напаѓач ќе го носи дресот со број 9“, се вели во соопштението на Милан.
Договорот на Жиру е на две години со можност и за трета, ќе заработува 3,5 милиони евра по сезона.






