понеделник, 27 април 2026

Жиру не го интересира приказната за проклетството на бројот 9 во Милан, Французинот не е суеверен

Објавено на

часот

Сподели

За време на подготовките Жиру покажа дека ќе биде големо засилување за Милан, а сега тоа почна да го прави во Серија А. Синоќа двапати ја тресеше мрежата на Каљари.

„Многу сум горд што играм за Милан и тоа на стадионот како Сан Сиро. Среќен сум со перформансите на тимот, бидејќи игравме во наш стил. Навистина добро бевме поврзани на теренот и можевме да постигнеме уште голови, додека поддршката од фановите беше извонредна“, вели Жиру.

Навивачите се надеваат дека Жиру ќе го урне проклетството на бројот 9. По пензионирањето на Пипо Инзаги, кој и да го облечел тој дрес, не успевал во Милан.

„Слушнав дека има нешто посебно за дресот со бројот 9, но не сум суеверен. Верувам во себе и моите способности. Како дете, ги гледав Марко ван Бастен, Жан Пјер Папен и Инзаги како го носат овој дрес, па многу сум среќен што и јас го имам тој број“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ