вторник, 28 април 2026

Во Милан се бесни на судењето, топката во рака прво го удри Лемар, а потоа Калулу (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Медиумите во Италија, речиси без исклучок сметаат дека Милан е ограбен, ВАР не требаше да дозволи Атлетико Мадрид да добие пенал.

При резултат 1-1, во 92. минута судијата покажа на белата точка поради играње со рака од Калулу.

Но снимките покажуваат дека најпрво Лемар со левата рака ја допира топката, а потоа таа го удира Калулу во раката.

„Не разбирам, има ВАР, тие ги носат одлуките, не знам што да кажам. Боли кога ќе загубите вака“, вели Бенасер.

Во ВАР собата се гледаше снимката, но и покрај тоа беше донесена одлука да биде пенал за Атлетико Мадрид.

„Не мислам дека судијата имаше најдобра ноќ… бевме казнети. Јасно е дека со 10 фудбалери требаше да играме на друг начин. Секако дека е разочарувачки кога ќе загубите на ваков начин“, вели тренерот на Милан, Стефано Пиоли.

„Не беше само пеналот и црвениот картон туку секоја 50-50 ситуација се судеше за нив“.

„Додека бевме 11 на 11 игравме со темпо, квалитет и интензитет. Тоа покажува дека сме конкурентен тим“.

 
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ