вторник, 28 април 2026

Дрвокрадец без возачка дозвола приведен кај с. Бродец

МВР утрово информира дека е лишен од слобода дрвокрадец од Скопско. Станува збор за Ф.Ј. (26), кој освен што пренесувал огревни дрва без жиг и документација, возел и без дозвола.

Објавено на

часот

Сподели

„На 27.04.2026 во с. Бродец, Скопско, полициски службеници од ПО Мирковци го лишија од слобода Ф.Ј. (26) од Скопско, затоа што со патничко возило ‘опел астра’ со тетовски регистарски ознаки, пренесувал огревни дрва без жиг и документација. Во понатамошната постапка е утврдено и дека возилото е со истечена важност на сообраќајната дозвола, а Ф.Ј. немал возачка дозвола“, наведува МВР на официјалниот Фејсбук-профил.

За случајот е известен јавен обвинител и по документирање на случајот, против Ф.Ј. ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ