вторник, 28 април 2026
Тензии на почетокот на денешното рочиште за трагедијата во Кочани

Пуштете го газда Деко на слобода, ние ќе му пресудиме, реагираа родителите на загинатите деца во Пулс на барањето за пуштање од притвор

Тензично, со бурни реакции од родителите почна денешниот судски процес за трагедијата во Кочани во која загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. За разлика од минатите рочишта на кое немаше многу родители на загинатите деца, денес судницата е полна. Реакциите следеа по барањето на адвокатката Ивана Коцевска која го брани првообвинетиот Дејан Јованов кој ја раководел дискотеката Пулс.

Објавено на

часот

Сподели

„Со оглед дека обвинетиот Јованов е со сериозно нарушено здравје, а одлука за да се пушти од притвор не е донесена, бараме при носење на одлуката да се покаже малку човечност и непристрасност и да не се носат одлуки под притисок на јавноста. Обвинителството треба да се произнесе усно, а не повеќе да се чека“, рече адвокатката.

На ова родителите ја нападнаа со: „Кучко, срам да ти е. Да не сака на одмор во Хрватска да оди Деко“.

Потоа следеа жестоки реакции од родителите газда Деко да биде пуштен и тие ќе му пресудат.

„Одмор во Хрватска да не сака Деко, пуштете го. Пуштете го, ние ќе му пресудите. Срам да ви е. Тој е глумец. Да изгубите дете, па да видите како е“, беа реакциите на родителите.

Во одбрана на колешката Коцевска застана адвокатката Софија Лаличиќ која побара јавноста да биде исклучена бидејќи адвокатите се во судница да работат, а не да бидат навредувани.

Барање за поблаги мерки за обвинетите беа побарани и за неколку други обвинети.

Обвинителството за укинување на мерката притвор во куќен притвор даде негативно мислење бидејќи немало мислење дека терапијата која ја зема обвинетиот не може да се пружи во затворски услови.

На денешното рочиште треба да се отворат материјалните докази.

К.Д.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ