Летото во 2020 година, Вилијан го напушти Челси и како слободен играч потпиша со градскиот ривал Арсенал. Бразилецот не се снајде најдобро во Северен Лондон и по само 12 месеци си замина и се врати во Коринтијанс.
„Не бев среќен, затоа не играв на потребното ниво. Не сакам да навлегувам во детали“ – вели Вилијан во разговор со Рио Фердинанд.
„Кога пристигнав, бев среќен, бев мотивиран, сакав да се покажам во добро светло, имав нов клуб, нови соиграчи, нов проект“.
„Но по три месеци, му кажав на мојот агент, „Те молам, морам да си одам“. Не сакам да зборувам лоши работи за клубот, се работи за голем клуб, Арсенал има огромна историја. Големи имиња играле таму, но за мене едноставно не функцинираше овој трансфер, беше најтешкиот период во мојата кариера“.
„Се откажав од многу пари (се говори за бројка од 20 милиони фунти), но парите не секогаш се најважна работа во животот. Понекогаш треба да бидете среќни, со задоволство да се будите наутро за на тренинг. Го немав тоа“.
„Па му кажав на семејството дека не можам да останам тука, дека морам да заминам, да најдам начин да го напуштам клубот. Сметам дека не е фер да седите во клуб во кој не сте среќен само поради тоа што имате убава плата“.






