Чеканите неочекувано убедливо славеа над Лестер со три голови разлика, Антонио со една асистенција и два гола беше играч на мечот.
Домаќините поведоа со гол на Форналс во 26. минута, а потоа следуваше клучниот моменет на мечот. Перез поради опасен старт доби црвен картон, Лестер остана со играч помалку.
Тоа го искористи Вест Хем, по десет минути игра во вториот дел Бенрама погоди за 2-0, но Тилеманс во 70. погоди за надеж на Лестер дека сепак може да се избегне пораз.
Но до крајот на мечот Антонио постигна два гола за убедлива победа од 4-1.
Вест Хем по првите две кола е лидер на табелата со шест бода и најдобра гол разлика, 8-3.






