понеделник, 4 мај 2026

Третпат во својата историја Интер победува пет меча по ред без примен гол во Серија А (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Интер немаше никакви проблеми да ги освои трите бодови од Салерно, дека тимот на Инзаги нема да има тешка задача најави Перишиќ уште во 11. минута кога погоди за водство од 1-0.
 
Во 33. минута Думфрис зголеми на 2-0, со тој резултат се отиде на одморот.
 
По седум минути игра во второто полувреме Алексис Санчез погоди за 3-0, а до крајот на мечот погодија и Лаутаро Мартинез и Гаљардини за конечна победа од 5-0.
 
Ова беше петти натпревар по ред во Серија А како Интер победува без да прими гол, такво нешто им се случило само уште во 1989 и 1996 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ