понеделник, 27 април 2026

Тотнем нареди три победи од 1-0 и се качи на врвот во Премиерлигата (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Рецептот останува непроменет, трет натпревар по ред Тотнем победува со 1-0 во Премиерлигата, овој пат со тој резултат настрада Ватфорд.
 
Единствениот гол го постигна Сон пред крајот на првиот дел. Шутна слободен удар од страна, веројатно сакаше да нафрли, но топката заврши во мрежата на Ватфорд.
 
Тотнем немаше некоја голема доминација, но создаде повеќе шанси и сосема заслужено дојде до победа.
 
Во другиот натпревар од 15 часот, Барнли и Лидс одиграа нерешено 1-1. Домаќините поведоа со гол на Вуд, израмни Бамфорд во финишот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ