понеделник, 27 април 2026

Тијаго Силва е погоден од тоа што ПСЖ го ангажира Рамос: Овој трансфер ме прави тажен!

Објавено на

часот

Сподели

И по една година од неговото заминување од ПСЖ, Тијаго Силва не може да се помири поради начинот на кој се случи тоа. Во интервју за „ЕСПН“ се отвори. 

Криво му е дека не доби понуда за нов договор, а Рамос е на иста возраст на која тој замина од ПСЖ, Шпанецот потпша двегодишен договор.

„Размислувам многу за се што се случи. Немам ништо против Серхио Рамос. Но Серхио, кога му понудија двегодишен договор, беше на иста возраст како јас минатата година. Не го разбирам тоа. Навистина ме прави тажен“, вели Тијаго Силва.

„Се уште со никој не сум зборувал за Рамос, но тоа ме растажува. Се чувствувам како ништо да не сум направил за клубот… Многу фанови мислат дека јас сакакв да заработувам исто. Но не е така, платата која ја добивам во Челси е двојно помала“.

„Жал ми е што ПСЖ не покажа малку повеќе сензитивност на моето испраќање. Поради се што направив таму. Не беа осум дена или осум месеци. Туку осум години на победи и напорна работа“.

Тијаго Силва беше капитен на ПСЖ и клучен играч за пласманот во финалето од Лигата на шампионите. По таа сезона не му беше понуден нов договор од францускиот клуб, тој замина во Челси и со нив предводен од Томас Тухел ја освои Лигата на шампионите. Трофејот кој ПСЖ очајно го посакува.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ